Close Menu
Press24
    Најново

    По нападите Кипар бара членство во НАТО

    07.03.2026 во 15:41

    Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

    07.03.2026 во 15:02

    Трамп: Иран е принуден да попушти

    07.03.2026 во 14:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По нападите Кипар бара членство во НАТО
    • Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје
    • Трамп: Иран е принуден да попушти
    • Премиерот ги смирува граѓаните: Има нафта
    • Утре посебен сообраќаен режим во Скопје: Ќе се маршира за Денот на жената
    • ВИДЕО: Голем пожар во Штип – газдите спасуваа кози и јариња
    • Предлог името за нов државен јавен обвинител Владата ќе го открие следната недела
    • Меџити за инвестицијата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“: Ова е историја за албанското образование
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Притвор за сопругот на Ивана – ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство

    Притвор за сопругот на Ивана – ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство

    07.03.2026 во 13:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

    Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место.

    На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото.

    Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, на кого врз основа на обезбедените докази до овој момент му се ставаат на товар неколку дела кои се гонат во скратена постапка. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оценува дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката.

    Популарно

    Скандал во Црна Гора: Поранешна функционерка заврши во полиција поради експлицитни снимки

    07.03.2026 во 10:56

    СДСМ: ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името, зошто чекаат?

    07.03.2026 во 10:46

    Балканот во шок: Дојави за бомби – се вршат итни евакуации

    07.03.2026 во 12:21

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.