Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Државната обвинителка: Зад секој предмет стои жртва со потреба од институционална заштита

    Државната обвинителка: Зад секој предмет стои жртва со потреба од институционална заштита

    06.03.2026 во 20:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    “Семејното насилство е тема која не може да се согледува само низ статистика. Бројките се важни затоа што ни помагаат да ги препознаеме трендовите и предизвиците, но зад секој предмет стои конкретна жртва и реална потреба од институционална заштита”, истакна В.Д. Јавната обвинителка на РС Македонија Анита Тополова – Исајловска на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство” што се одджа денеска, во организација на Министерството за внатрешни работи.

    Според неа, насилството врз жените и семејното насилство претставуваат сериозно кршење на човековите права и еден од најраспространетите облици на родово базирано насилство. Тоа не е само лична трагедија на жртвите и нивните семејства, туку проблем со сериозни општествени последици, па затоа институционалната реакција мора да биде навремена, координирана и ефикасна.

    Во своето излагање јавната обвинителка Тополова – Исајловска се осврна на предизвиците што во досегашното постапување по дела од областа на семејното насилство ги предизвикуваа старите законски решенија со кои за одредени кривични дела постоеше можноста за повлекување на предлогот за кривично гонење од оштетените во текот на постапката.

    Од почетокот на 2024 година до денес во јавните обвинителства евидентирани се 1.715 постапки за телесна повреда сторена при семејно насилство, при што 798 постапки биле запрени поради повлекување на предлогот за гонење од жртвата. “Токму затоа последните измени на Кривичниот законик од јануари 2026 година претставуваат значаен исчекор напред. Со оваа промена државата испраќа јасна порака: насилството во семејството не е приватна работа, туку прашање на јавен интерес и одговорност на институциите”, нагласи јавната обвинителка, појаснувајќи дека со измените на јавниот обвинител му се овозможува да го преземе гонењето по службена должност и да постапува и во ситуации кога жртвата, поради страв или зависност, се повлекува од кривичниот прогон.

    Изминатите неколку дена јавните обвинителства добија задолжение да ги согледаат предизвиците со кои се соочуваат при гонењето на овој вид кривични дела, при што речиси сите укажуваат на првиот проблем, а тоа е недостаток на пријави и информации од центрите за социјална работа, односно неадекватно идентификување на проблемот од оние кои први го осознаваат семејното насилство на терен. “Една несоодветна реакција од почеток, на крајот може да има трагични последици”, додаде Тополова – Исајловска, која се осврна и на последниот трагичен случај во Карпош што е актуелен деновиве.

    “Во објавата на извештајот за извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во Скопје, ресорното Министерство информираше дека се утврдени недостатоци и неправилности во постапувањето во случајот. По ваквата информација секако дека Јавното обвинителство има должност и ќе испита, меѓу другото, и дали во ваквите неправилности има елементи на кривично дело”, додаде таа.

    В.Д. државната обвинителка нагласи дека предизвик до сега беше и благата казнена политика, бидејќи условните осуди во кои јавното обвинителство најчесто само со жалба успеваше да обезбеди заштитен надзор не се адекватна санкција за прекинување на постоечкиот тренд на раст на вакви кривични дела.

    Тополова – Исајловска ја нагласи и важноста на соработката со невладините организации, напоменувајќи дека Јавното обвинителство има воспоставено соработка со повеќе организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, а активно учествува и во националните механизми и платформи за заштита на жртвите.

    “На крајот, би сакала да нагласам една едноставна, но суштинска порака: кога жртвата молчи од страв, институциите мора да знаат да ја слушнат. Кога жртвата се повлекува од притисок или зависност, системот мора да биде доволно силен да ја заштити”, додаде јавната обвинителка.

    “Најсилната порака што можат да ја испратат институциите е дека секоја жена има право да живее без страв и насилство – и во домот, и во општеството”, рече Тополова – Исајловска.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.