Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок.
Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место.
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
- Маж од Белгија приведен кај Бит Пазар
- Тони Дескоски: ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат
- СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва
- Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција

