Close Menu
Press24
    Најново

    Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија

    05.03.2026 во 21:37

    Финска го укинува нуклеарното табу: Атомско оружје како штит од руската закана

    05.03.2026 во 21:20

    Трамп: Куба ќе падне

    05.03.2026 во 20:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија
    • Финска го укинува нуклеарното табу: Атомско оружје како штит од руската закана
    • Трамп: Куба ќе падне
    • Дипломатски „семафор“: Србија ја стави Хрватска во ризична зона, Загреб одговори со потсмев
    • Драма во Словенија: Полицијата усмрти маж на плоштад во Љубљана
    • Франција испраќа оклопни возила во Бејрут: Макрон застанува зад либанската армија
    • Британија испраќа борбени авиони во Катар и започнува масовна евакуација од Оман
    • Охриѓанец ќе одговара кривично – полицијата му најде дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа на увид во Струга: Современ водовод, пат со пешачка патека и градење на колекторскиот систем Радожда-Калишта за Стружани

    Хоџа на увид во Струга: Современ водовод, пат со пешачка патека и градење на колекторскиот систем Радожда-Калишта за Стружани

    05.03.2026 во 18:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска направи увид во неколку проекти во Струга, заедно со градоначалникот на Струга, Менди Ќура и директорите на јавните претпријатија, како и заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири.

    „Денеска во Струга го покажуваме нашиот „Зелен пресврт“ на дело, преку создавање на трајни системи а не со привремени решенија. Инвестираме во три клучни проекти кои значат поквалитетен живот за стружани и трајна заштита на Охридското езеро: поотпорен и безбеден водоводен систем, пат со пешачка патека и продолжување на изградбата на колекторскиот систем Радожда-Калишта. Здравјето на стружани и заштитата на животната средина мора да одат рака под рака.“ изјави министерот за животна средина, Муамет Хоџа по увидот во реконструкцијата на водоводната мрежа во градот.  Со овој капитален проект, кој започна минатото лето, се заменуваат дотраените азбест-цементни цевки со современи и безбедни материјали, со што се намалуваат техничките загуби и се зајакнува стабилноста на системот.

    Во однос на заматувањето на водата поради нелегални активности кај изворите, министерот истакна дека институциите веќе постапуваат и дека одговорност мора да има. Тој нагласи дека водните ресурси се стратешко богатство и дека случајот е јасен сигнал за потребата од зајакнување на контролата и нивната заштита.

    Посетата продолжи со означување на почетокот на изградбата на пат со пешачка патека во градот, инвестиција што придонесува за уредување на јавниот простор и подобрување на условите за рекреација и безбедно движење на граѓаните.

    „Недозволиво е граѓаните да пијат вода од стари азбестни цевки, затоа со 90 милиони денари градиме современа водоводна мрежа. Истовремено, продолжуваме со изградбата на Колекторскиот систем Радожда-Калишта, машините се веќе на терен и градежните работи активно продолжуваат. Ова е суштината на нашиот пристап – наместо изговори за стопирани проекти, нудиме конкретни дела, чиста вода и заштитено езеро за идните генерации“ истакна министерот Хоџа.

    На крајот од посетата на Хоџа во Струга, беше извршен увид во изградбата на колекторскиот систем Радожда–Калишта. По прекинот заради обезбедување на потребните одобренија, градежните активности продолжуваат согласно утврдената динамика. Проектот претставува значајна инвестиција во заштитата на Охридско Езеро и е дел од поширокиот системски пресврт кон долгорочно зачувување на животната средина и одржлив развој на регионот.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.