Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР – Бараме оставка 

    СДСМ: Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР – Бараме оставка 

    05.03.2026 во 09:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете го отвора прашањето за сериозните пропусти на МВР за заштита од семејно насилство и повикува на одговорност. Овој случај е болен доказ за неуспех на МВР да се заштитат човечки животи. Ова го велат од СДСМ преку соопштение за јавноста.

    -Две години биле пријавувани случаи на семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога. МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите. Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР, вели опозицијата.

    Велат, потребно е Тшковски да даде оставка.

    -Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство. И тогаш МВР не реагираше навреме. Само во 2026 година веќе се изгубени четири човечки животи поради родово базирано и семејно насилство. СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и темелна истрага која со име и презиме ќе ја утврди одговорноста кај сите службени лица – во МВР. Проблемот почнува од врвот. Додека други молчат – СДСМ нема да молчи, велат тие.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.