Виктор Стојанов е бугарскиот државјанин, контроверзен претседател на бугарската фондација Македонија за кого ЈО поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394-г ст.1 од Кривичниот законик на РСМакедонија.
Стојанов и е добро познат на македонската јавност поради низата антимакедонски објави и провокации со кои го негира постоењето на македонска нација, кампањите за нудење 300 евра за промена на презимето во ов/ев, донирање на бугарски знамиња, сателитска телевизија со бугарски канали и ширење пропаганда и поттикнување тензии преку бугарско медиумско-пропагандната мрежа на портали и поткасти Преку неговата фондација “Македонија” е регистриран и посебен сајт www.supportbginmk.eu на кој се објавуваат случаи за „репресирани“ Бугари од Македонија и се поднесуваат претставки до институциите на ЕУ и Советот на Европа.
Виктор Стојанов е надоврзан на проруската политичката партија од Бугарија „Преродба“, остварува блиски врски и е идеолошки поддржувач и близок на Благовест Асенов лидер на ултранационалистичката групација Национален отпор од Бугарија која заедно со Бугарскиот национален сојуз е организатор и поддржувач на Луковиот марш.
- Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
- Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
- Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
- Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
- Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
- Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
- Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
- Утре локални врнежи и услови за невреме

