Американската актерка Меган Фокс се врати на Instagram со стил позирајќи во атрактивно издание и воодушевувајќи ги следбениците на социјалната мрежа. Нејзиниот поранешен свршеник Машин Ган Кели исто така реагираше на фотографиите.
Таа позираше во маица и танга, а „жешкото“ издание го комплетираше со високи чорапи и штикли со платформа на кои беа нацртани листови од канабис.
„Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“, рече таа во описот на објавата, која собра повеќе од три милиони лајкови.

