Close Menu
Press24
    Најново

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија

    Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија

    03.03.2026 во 18:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) ја разгледува можноста за напад врз кампот на Муџахедините (МАК)  во Албанија, во услови на засилени регионални тензии и проширување на безбедносните ризици надвор од Блискиот Исток, пишува caliber.az, објавија дел од албанските медиуми.

    -Според објава на прес-службата на ИРГЦ на Телеграм, потенцијалните активности би се однесувале на објект што Техеран го смета за поврзан со „непријателски активности“. Станува збор за комплексот Ашраф-3, лоциран во селото Манза, во близина на пристанишниот град Драч, каде што од 2013 година се сместени над 3.000 членови на МЕК, наведуваат медиумите.

    Одредени извори, повикувајќи се на неодамнешни ирански удари врз цели на Кипар, тврдат дека Иран повеќе не се ограничува на одредена географска зона при таргетирање структури поврзани со неговите противници, туку го проширува опсегот на своите оперативни капацитети.

    МЕК, основана во 1965 година, претставува иранско опозициско движење кое во минатото изведувало вооружени акции против режимот на шахот Мохамед Реза Пахлави, а подоцна влезе во отворен конфликт и со исламската власт предводена од ајатолахот Хомеини. Организацијата во 1980-тите делуваше од Ирак со поддршка на режимот на Садам Хусеин, што и денес останува контроверзно прашање во иранската јавност.

    Соединетите Американски Држави ја прогласија МЕК за терористичка организација во 1997 година, но во 2012 година ја отстранија од листата, наведувајќи дека групата се откажала од насилство и ги затворила своите паравоени кампови во Ирак.

    Албанската влада по барање на Вашингтон се согласи од 2013-та до 2016-та година да прими повеќе  3.000 муџахедини од Ирак, кои таму биле сместени во одредени кампови.

    Албанија на почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран, откако го обвини Иран дека во текот на летото, истата година, извршил масовен сајбернапад врз државни институции на земја.

    -Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападите врз нашата земја биле организирани и спонзорирани од Иран, изјави тогаш премиерот Еди Рама.

    Засега нема официјална реакција од албанските власти во врска со потенцијалните закани.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.