Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

    02.03.2026 во 17:27

    Геополитички промени и нови закани: Макрон ја зајакнува нуклеарната стратегија на Европа

    02.03.2026 во 17:22

    Испливаа детали: Еве како Трамп издал наредба за напад на Иран

    02.03.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка
    • Геополитички промени и нови закани: Макрон ја зајакнува нуклеарната стратегија на Европа
    • Испливаа детали: Еве како Трамп издал наредба за напад на Иран
    • Истрагата се шири: Уште една жена ќе биде ексхумирана во истрагата против 25-годишниот убиец од Куманово
    • Трагедија на ГАК: Почина млада родилка неколку часа по царски рез
    • (ФОТО) Сообраќајка на влезот во Скопје: Се судрија камион и автомобил
    • СДСМ: Прегреа кујната на ВМРО пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО
    • „Сејф сити“ не простува: Регистрирани се над 19.000 казни за еден месец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос на Блискиот Исток: Над 400 Македонци чекаат евакуација, МНР подготвува план

    Хаос на Блискиот Исток: Над 400 Македонци чекаат евакуација, МНР подготвува план

    02.03.2026 во 14:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, соопштија од Министерството за надворшени работи.

    Од таму додаваат дека се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација.

    „Согласно податоците добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 граѓани побарале информации за можноста за евакуација, а околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата при прва можност“, велат од Министерството.

    Од Министерството велат дека со сите пријавени лица се одржува редовна комуникација и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивно безбедно извлекување, зависно од развојот на состојбата на терен. Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги спроведуваат сите неопходни мерки за подготовка и организирана реализација на евентуалната евакуација, во координација со пријателски земји и меѓународни партнери.

    Министерството останува достапно преку дежурниот телефон и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и повторно апелира сите државјани во регионот да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни служби.

    • Контакт телефони за помош:
    • СОС – МНР: 075/273-732
    • Амбасада во Доха: +974 50 173 111
    • Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
    • Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546

    Стотици летови беа откажани денеска, продолжувајќи го хаосот во глобалниот воздушен сообраќај предизвикан од војната на САД и Израел против Иран, при што веќе се заглавени стотици илјади патници. Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека воената акција би можела да трае со недели. Главните аеродроми на Блиски Исток, вклучувајќи го и Дубаи, најпрометниот меѓународен центар во светот, се затворени трет ден по ред, во најголемиот шок за воздухопловството откако пандемијата на ковид-19 ја парализираше индустријата. Летовите низ Блиски Исток се откажани, бидејќи меѓународните превозници продолжија да ги суспендираат своите услуги.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Војната ескалира: Нападната територија на земја членка на ЕУ

    02.03.2026 во 10:00

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.