Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови

    08.07.2026 во 09:40

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28

    Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    08.07.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората
    • Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија
    • Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место
    • Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведен кавадарчанец: Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, поминал на црвено и не застанал даден знак од полицијата

    Приведен кавадарчанец: Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, поминал на црвено и не застанал даден знак од полицијата

    02.03.2026 во 13:511 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко. Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор.

    По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло на семафор. Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција.

    Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител В.Ј. бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена

    08.07.2026 во 08:46

    Драма во скопско: Извадил пиштол и почнал да се заканува

    08.07.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.