Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Наскоро очекуваме склучување договор за стратешко партнерство со Хрватска

    Муцунски: Наскоро очекуваме склучување договор за стратешко партнерство со Хрватска

    27.02.2026 во 11:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“, во контекст на посетата на хрватскиот министер за надворешни и европски работи, говореше за билатералните односи со Хрватска, осврнувајќи се на постојните стратешки договори со Обединетото Кралство и Унгарија, како и на најавата за нов договор за стратешко партнерство со Хрватска.

    „Во најава имаме договор за стратешко партнерство со Хрватска. Тоа го најавивме и двајцата на заедничката прес-конференција. Разговараме за билатерален договор меѓу двете држави, кој е сличен на договорите што ги имаме со Унгарија и со Обединетото Кралство“, истакна министерот Муцунски.

    Шефот на македонската дипломатија информираше дека во моментов се водат разговори за финализирање на процесот на создавање стратешко партнерство меѓу двете држави, кое ќе опфати повеќе области, меѓу кои економијата, трговијата, безбедноста и енергетиката. Тој ја посочи Хрватска како „ментор во евроинтегративниот процес“ на државата, нагласувајќи ја нејзината политичка поддршка и техничка помош.

    Во однос на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, министерот посочи дека, согласно информациите од надлежните институции, активно се работи на реализација на проектот за брзата пруга, како и на проекти поврзани со системот на јавното здравство.

    Осврнувајќи се на договорот со Унгарија, Муцунски нагласи дека преку ова стратешко партнерство се реализираат повеќе проекти, особено во инфраструктурата, при што договорот претставува значајна алатка и во насока на подобрување на јавниот транспорт.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.