Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна пресудата за помагачите: По 5 години затвор за тројцата Турци за убиството во Штип

    Падна пресудата за помагачите: По 5 години затвор за тројцата Турци за убиството во Штип

    26.02.2026 во 16:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тројца турски државјани добија по пет години затворска казна за помагање во убиството што се случи во мај 2025 година на градскиот плоштад во Штип. Судијата Јулијана Недкова денеска во Основниот суд во Штип ја објави пресудата за Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдур.

    Покрај затворската казна, на осудените им е изречена и мерка за доживотно протерување од државата.

    „Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, кое започнува од денот на протерување на сторителот од територија на Македонија, а казната ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по 5 години“, истакна судијата Недкова.

    На обвинетите во казната им се пресметува и времето поминато во притвор, почнувајќи од 5 мај минатата година. Четвртообвинетата во овој случај доби казна затвор од три месеци, која веќе ја има издржано преку мерките притвор и куќен притвор.

    Прочитај повеќе

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.