Close Menu
Press24
    Најново

    Рација во казино во Кичево: Пронајдена дрога, две лица завршија зад решетки

    22.02.2026 во 12:44

    Бурна ноќ на патиштата: 18 лица зад решетки, санкционирани пијани возачи и рекордери во брзо возење

    22.02.2026 во 12:43

    Товарно возило прегази возразна жена во Струга – возачот е уапсен

    22.02.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Рација во казино во Кичево: Пронајдена дрога, две лица завршија зад решетки
    • Бурна ноќ на патиштата: 18 лица зад решетки, санкционирани пијани возачи и рекордери во брзо возење
    • Товарно возило прегази возразна жена во Струга – возачот е уапсен
    • Кузеска: СДСМ е целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција
    • Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
    • Пронајдени две угинати ретки птици во кавадаречко – дадени на обдукција
    • БРТ системот почнува на терен во 2027, претходно пристигнуваат 100 нови автобуси
    • Запален џип во Струмица, наводно му припаѓал на поранешен инспектор во МВР
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бурна ноќ на патиштата: 18 лица зад решетки, санкционирани пијани возачи и рекордери во брзо возење

    Бурна ноќ на патиштата: 18 лица зад решетки, санкционирани пијани возачи и рекордери во брзо возење

    22.02.2026 во 12:43Updated:22.02.2026 во 12:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Возење под дејство на алкохол, управување возила без дозвола, екстремно брзо возење и напади врз службени лица се дел од прекршоците и кривичните дела кои полицијата ги санкционираше во текот на изминатата ноќ (21 кон 22 февруари). На ниво на цела држава, полициските службеници лишиле од слобода вкупно 18 лица.

    Специјална акциска контрола од 22:00 до 04:00 часот спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на подрачјето на Скопје и Куманово. При оваа акција се изречени 15 санкции, од кои осум за возење под дејство на алкохол, а седум за други прекршоци. Едно лице од овој регион е уапсено за кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице“.

    На национално ниво, статистиката на приведените 18 лица ги опфаќа најтешките сообраќајни престапи. Меѓу нив е државјанин на Република Србија кој на автопат каде дозволената брзина е 120 км/ч, возел со фрапантни 203 километри на час.

    Во групата на приведени за возење без возачка дозвола се најде и 16-годишникот од Тетово кој, бегајќи од полицијата, искрши електричен ормар на ЕВН и се обиде да прегази полицајци. Покрај него, без дозвола возеле и граѓани од Скопје, Велес и Кавадарци.

    Полицијата регистрираше и седуммина возачи под дејство на алкохол (во Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје), како и возачи од Гостивар и Скопје кои управувале нерегистрирани возила без да поседуваат возачка дозвола. Неславен рекорд поставил жител на Македонски Брод кој истовремено возел пијан и без возачка дозвола.

    Од МВР апелираат на строго почитување на правилата и најавуваат дека контролите ќе продолжат. „Управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на сите граѓани“, порачуваат од полицијата.

    Популарно

    „Скопје се гради и ноќе за да се избегне колапс“: Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид кај Рампа

    21.02.2026 во 23:01

    Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен

    21.02.2026 во 16:01

    Семејна драма во живо: Вучиќ инсистираше на детали, жена низ солзи му призна на детето дека му е тетка

    21.02.2026 во 12:10

    Мицкоски: Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа

    21.02.2026 во 15:50

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.