Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожар во кочански трговски центар

    Пожар во кочански трговски центар

    21.02.2026 во 12:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голем пожар кој денеска избувна во угостителски објект во Кочани предизвика паника кај десетици семејства. Огнот тргнал од кујната на објектот, која се наоѓа во склоп на густо населен комплекс, а за влакно била избегната поголема трагедија.

    Поранешниот вршител на должност градоначалник, Венко Крстевски, преку своја објава јавно ги сподели драматичните моменти и опасноста со која се соочиле граѓаните.

    „Денеска во станбено-деловниот комплекс Трговски центар, станбен блок А со 96 станови, избувна пожар од угостителски објект. Станарите поминаа со зачадени домови и огромен стрес“, информираше Крстевски, потенцирајќи ја големината на станбениот блок кој бил под директна закана од пламените јазици.

    Тој открива дека во моментот кога избувнал огнот, кујната била целосно празна, што можело да доведе до неконтролирано ширење доколку не се случила една случајност и брзата реакција на пожарникарите:

    „Пожарот не се прошири благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица. Клучен беше фактот што дистрибутер на стока го забележа огнот во кујната… Во моментот на избувнување на пожарот, таму немаше присутен персонал.“

    Според сведоштвото на Крстевски, објектот каде што избил пожарот претставува константна опасност за станарите, бидејќи станува збор за дивоградба во која и претходно имало огнени инциденти.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.