Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота
    • Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи
    • Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грците кризираат со овци и кози: За година ипол умртвени се пола милион

    Грците кризираат со овци и кози: За година ипол умртвени се пола милион

    20.02.2026 во 09:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси половина милион овци и кози, односно точно 479.821 грла добиток, се умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради ширење на сипаницата. Според официјалните податоци од грчкото Министерство за земјоделство и Националната научна комисија, во овој период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми. Само во последната недела од извештајот се регистрирани 11 нови случаи во седум различни региони.

    Од надлежното министерство нагласуваат дека почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува единствениот начин за ограничување на болеста. „Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи“, соопштија од Министерството за земјоделство на Грција, додавајќи дека податоците редовно ќе се ажурираат за навремено информирање на јавноста.

    Ставот на грчката влада е дека вакцинацијата не е решение, ниту дел од државниот план за справување со кризата, туку фокусот останува на строгата имплементација на безбедносните мерки. Грчкиот премиер на неодамнешната средба со сточарите посочи дека приоритет е дефинитивното искоренување на болеста. Од друга страна, сточарите кои веќе неколку месеци протестираат во Атина, бараат итни решенија и поефикасни мерки за заштита на својот добиток.

    Прочитај повеќе

    Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект

    06.10.2026 во 19:15

    Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње

    06.10.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.