Close Menu
Press24
    Најново

    Најважните избори во ЕУ: Виктор Орбан пред историски предизвик од поранешниот соработник Петер Маѓар

    05.04.2026 во 15:51

    Скопје добива нов лик: Се финишира булеварот „Македонија“, следуваат нови кружни текови и подземна сообраќајница

    05.04.2026 во 15:26

    Објавена снимка од судирот во Иран: Американските специјалци во директна битка за спасување на соборениот пилот

    05.04.2026 во 14:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најважните избори во ЕУ: Виктор Орбан пред историски предизвик од поранешниот соработник Петер Маѓар
    • Скопје добива нов лик: Се финишира булеварот „Македонија“, следуваат нови кружни текови и подземна сообраќајница
    • Објавена снимка од судирот во Иран: Американските специјалци во директна битка за спасување на соборениот пилот
    • Владата крои нови мерки: Можно е замрзнување на маржите поради глобалната енергетска криза
    • Мицкоски: Да се стрпиме неколку месеци за имиња, кадровски освежувања во Владата ќе има во мај или јуни
    • Филипче: Земјоделството е пред колапс, Владата нема мерки, а ни се заканува нов скок на цената на лебот
    • Филипче: Мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект, граѓаните ќе ја платат цената
    • Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

    Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

    19.02.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека власта се расфрла со луксуз, брои летови со владиниот авион, патувања на море и милионски тендери, крати пари каде што не смее. Следни на удар на оваа забегана и корумпирана власт се болните од ретки болести. Парите од програмата за ретки болести се скратени за 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. Нема 3 милиони евра за пациентите, ама има за авион, за 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 74 за трета, има 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ и тендер преку пошта, изјави на прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – член на Извршниот одбор.

    „Нема за плати, нема за земјоделци, нема за болни.

    И тоа додека бројот на пациенти со ретки болести расте, владата буџетот го намалува.

    За Владата тоа можеби е само бројка во табела. Но, за пациентите – тоа е терапија што може да доцни, лек што може да недостига, третман што може да се прекине.

    Регистарот за ретки болести брои 1.093 пациенти. 240 од нив се деца до 14 години.

    Ова не се бројки, туку тажни човечки судбини, дечиња, родители кои собирале пари, оделе од болница во болница, живееле во страв дали терапијата ќе стигне навреме.

    За овие семејства секој ден е борба. За нив, здравјето не е политика – туку живот.

    Кај ретките болести, доцнењето значи влошување, а понекогаш и неповратна штета.

    Со вакви кратења за 3 милиони евра, Владата директно ги доведува во ризик овие пациенти. Ова е неправда која мора веднаш да се исправи.

    СДСМ бара итно и неодложно зголемување на парите за програмата за ретки болести, најмалку на нивото од минатата година, со дополнителни средства согласно зголемениот број пациенти.

    Време е да се прекине луксузот на власта и да се поддржат најранливите“, додаде Младеновска.

    Популарно

    Најважните избори во ЕУ: Виктор Орбан пред историски предизвик од поранешниот соработник Петер Маѓар

    05.04.2026 во 15:51

    Скопје добива нов лик: Се финишира булеварот „Македонија“, следуваат нови кружни текови и подземна сообраќајница

    05.04.2026 во 15:26

    Објавена снимка од судирот во Иран: Американските специјалци во директна битка за спасување на соборениот пилот

    05.04.2026 во 14:36

    Владата крои нови мерки: Можно е замрзнување на маржите поради глобалната енергетска криза

    05.04.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.