Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Брнабиќ до СДСМ: Вучиќ не ја навреди Шекеринска, соопштението ви е срамно

    Брнабиќ до СДСМ: Вучиќ не ја навреди Шекеринска, соопштението ви е срамно

    16.02.2026 во 18:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ана Брнабиќ, меѓународната секретарка на СНС, остро реагираше на соопштението на СДСМ во кое се тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ се однесувал навредливо кон новата заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Брнабиќ ги нарече обвинувањата „срамни“, барајќи од македонската опозиција да не ги извртува зборовите, но и да не го релативизира кршењето на меѓународното право.

    „Сакам јасно да подвлечам дека Александар Вучиќ не кажа ниту еден лош или несоодветен збор за г-ѓа Радмила Шекеринска. Секој што сака и кого го интересира вистината, може да се увери во тоа слушајќи ја снимката од изјавите во Минхен“, истакна Брнабиќ.

    Таа потенцираше дека Вучиќ е политичар кој најмногу ги почитува жените и како доказ го посочи фактот што тој ја назначил првата жена премиер во историјата на Србија (самата Брнабиќ), за разлика од СДСМ кој, според неа, никогаш не дал таква доверба на жена.

    Во својот одговор, Брнабиќ отвори и геополитички теми, обвинувајќи го СДСМ дека се обидува да ја оправда агресијата на НАТО врз СР Југославија.

    „Конечно, можно е дека СДСМ сака да нè убеди дека НАТО не извршил агресија и не го прекршил меѓународното право со бомбардирањето на Србија и Црна Гора во 1999 година, иако е тешко да се убеди македонскиот народ во ова бидејќи некои од тие бомби завршиле таму“, рече Брнабиќ. Таа додаде дека е лицемерно да се повикуваат на меѓународното право, а да забораваат како тоа било прекршено кога се поддржала „нелегалната еднострана декларација за независност на дел од територијата на Србија“.

    На крајот, Брнабиќ порача дека Србија е единствениот сосед што има исклучиво пријателски односи со Македонија, нема претензии кон нејзиниот суверенитет и секогаш помагала кога земјата била во неволја.

    Прочитај повеќе

    Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот

    03.08.2026 во 13:24

    Татко и две деца загинаа во пожар во куќа во Загорје, соседите претходно слушнале истрели

    01.08.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.