Close Menu
Press24
    Најново

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
    • Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Не можеме да чекаме 57 години за родова еднаквост во енергетиката

    Божиновска: Не можеме да чекаме 57 години за родова еднаквост во енергетиката

    09.02.2026 во 16:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на работната сила, во која жените мора да имаат еднаква и видлива улога, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција.

    Божиновска истакна дека жените во енергетиката сè уште се недоволно застапени. Тоа, смета таа, не значи дека недостасуваат знаење и амбиција, туку дека постои неискористен потенцијал кој државата и општеството не смеат да го игнорираат.

    – Индексот за родова еднаквост во 2022 година изнесувал 64,5 поени од можни 100, што претставува зголемување од само 2,5 поени од 2019 година. Со вакво темпо, би биле потребни приближно 57 години за да се постигне родова еднаквост во сите области. Ова ја нагласува итноста: не можеме да чекаме со децении за да создадеме еднакви можности. Повеќе жени во секторот е бенефит за сите. Меѓународната агенција за обновлива енергија дојде до податоци дека организациите со повеќе жени на лидерските позиции во енергетиката покажуваат 20 проценти повисоки перформанси и иновации. Светскиот Економски Форум објави дека тимовите кои вклучуваат различни полови се попрофитабилни, покреативни и поотпорни во кризни ситуации. Кога на жените ќе им се даде моќ, целиот сектор и општеството има придобивки, порача Божиновска.

    Таа нагласи дека интересот за наука и технологија кај девојките постои уште од рана возраст, но често се губи поради стереотипи, недостиг од поддршка и ограничен пристап до практични можности. Затоа, како што истакна, неопходно е создавање јасна и континуирана патека – од образование, преку практична обука, до вработување и напредување.

    – Oвие бариери не се непремостливи.Ги надминуваме преку партнерства, преку вакви проекти, преку отворен дијалог и преку конкретни програми кои ги приближуваат младите жени до реалниот сектор, нагласи Божиновска. 

    Министерката ги посочи и стратешките приоритети на државата за периодот 2026–2030, меѓу кои забрзан развој на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност на објектите и дигитализација на електроенергетската инфраструктура, процеси кои директно ќе го обликуваат пазарот на труд и побарувачката за нови профили и вештини.

    -Технологиите со нето-нула емисии ќе бараат експерти за обновливи извори, специјалисти за паметни згради и автоматизација, дигитални инженери, менаџери за енергетска ефикасност и професионалци за паметни мрежи. Нашата задача е што повеќе жени да бидат дел од оваа нова економија, истакна Божиновска.

    Таа потенцираше дека Министерството за енергетика е цврсто посветено на поддршка на девојките и жените во STEM и енергетските сектори, преку практични обуки, партнерства со компании, менторски мрежи и програми што ги поврзуваат образованието и реалниот сектор.

    Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информиарат дека проектот ELeVATE, кој ги поврзува образовните институции, компаниите, јавниот сектор и локалните власти, е посочен како пример за конкретен и применлив модел што ги надминува бариерите и создава реални можности за жените во зелените технологии.

    – Енергетската транзиција ќе биде успешна само ако е инклузивна – ако ги вклучи жените, ако создаде еднакви можности и ако ги поврзе образованието, бизнисот и институциите, порача министерката Божиновска.

    Популарно

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34

    Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите

    03.04.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.