Close Menu
Press24
    Најново

    Средба Сали – Палминтери: Италија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и реформи

    09.02.2026 во 16:28

    Кумот ја чекал Александра пред куќата на мајка ѝ и испукал три куршуми – Шокантни детали од истрагата во Ниш

    09.02.2026 во 16:14

    Израелски воени авиони пресретнале авион на компанијата Wizz Air

    09.02.2026 во 15:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Средба Сали – Палминтери: Италија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и реформи
    • Кумот ја чекал Александра пред куќата на мајка ѝ и испукал три куршуми – Шокантни детали од истрагата во Ниш
    • Израелски воени авиони пресретнале авион на компанијата Wizz Air
    • МО: Шугата не потекнува од велешката касарна, досега се регистрирани четири лица
    • Акција во затворот „Скопје“: Пронајдени мобилни телефони и недозволени предмети кај осудениците
    • 11-годишно дете од Штип итно пренесено во Скопје откако со велосипед удрило во дрво
    • Барселона одби 30 милиони долари за Бернал
    • „Очекувале дека има пари со себе“ – откриени нови детали за киднаперите на Даниел Кајмакоски
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МО: Шугата не потекнува од велешката касарна, досега се регистрирани четири лица

    МО: Шугата не потекнува од велешката касарна, досега се регистрирани четири лица

    09.02.2026 во 15:37
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата.

    Од Министерството појаснуваат дека шугата може да се добие само преку контакт со претходно заразено лице или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така заразено лице. Посочуваат дека пред приемот на професионалните војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, направено е комплетно уредување на просториите во кои се сместени војниците, односно извршена е комплетна дезинфекција на просториите и дадени се чисти и испрани постелнини и ќебиња.

    Како што се посочува во соопштението, во меѓувреме од страна на Армијата и Воено – медицинскиот центар согласно здравствените протоколи се преземени мерки за спречување на натамошно евентуално ширење на оваа заразна болест.

    -Од страна на одделението за превентивна заштита од Воено – медицинскиот центар извршен е стручен епидемиолошки надзор, давање на мислење и понатамошни насоки и препораки. На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица. За време на викендов во просториите каде што се сместени војниците е извршено комплетна замена на постелнината, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината. Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест, дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор, велат од Министерството за одбрана.

    Оттаму посочуваат дека континуирано се следи состојбата со останатите лица и се преземаат мерки согласно насоките на доктор епидемиолог.

    – По насока на ВМЦ професионалните војници се упатени на превентивен контролен преглед. Досега се регистрирани четири лица и на истите им е пропишана соодветна медицинска терапија, велат од МО.

    Во оваа касарна, како и во останатите Центри за обука (АП Криволак, ЦО Пепелиште, Кампот за обука на вода) на годишно ниво поминуваат односно престојуваат голем број припадници како од Армијата така и од сојузничките Армии и досега не е регистриран ваков случај.

    – Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, кој повторно ќе кажеме дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, а со што се нанесува и директна штета и нарушување на угледот на Армијата. Министерството за одбрана и Армијата на чело со Генералштабот, во континуитет работат на подигнување на стандардите и условите за работа, а тоа подразбира комплетно реновирање и реконструкција на објектите во кои функционираат припадниците на Армијата. Само за илустрација за 2026г и 2027г предвидени се 41.300,000 денари за реконструкција и санација на објектите, градежно – занатски работи, се наведува во соопштението.

    Во изминатиот период, како што се посочува во соопштението, Министерството ги обезбеди потребните финансиски средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување на објектите на МО и Армијата. Средствата биле наменети за подобрување на инфраструктурата, обезбедување на современи услови и зголемување на безбедноста во објектите што се користат.

    Од Министерството за одбрана информираат дека истиот пристап продолжува и во тековната година, со што е обезбедено континуирано финансирање на активности поврзани со реновирање, уредување на објектите, санација тековно одржување и други потребни интервенции. 

    Популарно

    Ќе нема струја до 14:30 часот – ЕВН најави исклучувања во повеќе општини

    09.02.2026 во 09:35

    Драма на Попова Шапка: Ученици на екскурзија се обиделе да го ограбат манастирот „Св. Наум“

    09.02.2026 во 10:33

    Клучен момент во судењето за „Онкологија“: Словенечки експерти ќе ги соочат онколозите со докази

    09.02.2026 во 09:15

    Кривична пријава за охридски бизнисмен: Починатиот снимател Кристијан Љушев не бил осигуран ниту обучен за безбедна работа

    09.02.2026 во 12:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.