Close Menu
    Најново

    Падна струмичкиот измамник: Уапсен маж кој собрал над 15.000 евра од пензионерки за лажни операции

    08.02.2026 во 14:27

    Продолжиле да возат и покрај забраната – полицијата им ги идзеде автомобилите и заработија кривични

    08.02.2026 во 13:54

    Се уште се вози без возачка: Полицијата одзеде десет возила на патиштата низ Македонија

    08.02.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Падна струмичкиот измамник: Уапсен маж кој собрал над 15.000 евра од пензионерки за лажни операции
    • Продолжиле да возат и покрај забраната – полицијата им ги идзеде автомобилите и заработија кривични
    • Се уште се вози без возачка: Полицијата одзеде десет возила на патиштата низ Македонија
    • Се огласи српското МВР по киднапирањето на Кајмакоски – во потерата биле вклучени сите единици
    • Падна договор – 11.000 административци ќе добијат за 40% повисоки плати, соопшти премиерот
    • Прегазен пешак на крстосница во Кичево – со тешки повреди пренесен во болница
    • Николоски најави конфискација: Државата го презема дивоизградениот објект на Стенковец
    • Силен земјотрес од 4,8 степени го погоди Крит
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Падна струмичкиот измамник: Уапсен маж кој собрал над 15.000 евра од пензионерки за лажни операции

    Падна струмичкиот измамник: Уапсен маж кој собрал над 15.000 евра од пензионерки за лажни операции

    08.02.2026 во 14:27
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите.

    При лишувањето од слобода, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

    СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

    Популарно

    Падна договор – 11.000 административци ќе добијат за 40% повисоки плати, соопшти премиерот

    08.02.2026 во 13:15

    (ВИДЕО) Излезе снимка од киднапирањето на Кајмакоски – полицијата го пронајде врзан во смачкан автомобил

    08.02.2026 во 12:06

    Драма на летот од Скопје кон Париз: Авион на „Wizz Air“ прогласи вонредна состојба и итно слета во Брисел

    08.02.2026 во 10:46

    Детали за грабнувањето на Кајмакоски: Вооружени напаѓачи барале 20.000 евра за неговата слобода

    08.02.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.