Close Menu
    Најново

    Груевски предлага план за спас од загадувањето: Со две евтини мерки до 90% почист воздух

    05.02.2026 во 10:20

    Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Во Идризово се сослушуваат нови сведоци

    05.02.2026 во 10:09

    Сообраќајка во Охрид откри серија прекршоци: Пијан возач со три забрани предизвикал судир, полицијата ги одзеде возилата

    05.02.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Груевски предлага план за спас од загадувањето: Со две евтини мерки до 90% почист воздух
    • Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Во Идризово се сослушуваат нови сведоци
    • Сообраќајка во Охрид откри серија прекршоци: Пијан возач со три забрани предизвикал судир, полицијата ги одзеде возилата
    • ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски, протестираат ли по насока на СДС?
    • Сиљановска-Давкова на средба со шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан: Економската соработка во прв план
    • СДСМ: Македонија ја тресе огромен картелски скандал
    • Полицијата пуштена на најако: Санкционирани над 100 возачи поради несоодветно затемнети стакла
    • Возете внимателно – на овие патни правци моментално вее снег
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Груевски предлага план за спас од загадувањето: Со две евтини мерки до 90% почист воздух

    Груевски предлага план за спас од загадувањето: Со две евтини мерки до 90% почист воздух

    05.02.2026 во 10:20
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи сподели стручна анализа за решавање на проблемот со енормното загадување на воздухот во Македонија. Повикувајќи се на истражувањата на неговиот татко, проф. д-р Тало Груевски, тој посочува дека клучот лежи во промена на начинот на кој се подготвуваат дрвата за греење, кои се одговорни за 65-70% од вкупното загадување.

    Според предлогот, потребни се два итни чекори: задолжително „откоренување“ на дрвото веднаш по сечењето и негово правилно сушење до влажност од 15-20% пред продажбата. Груевски појаснува дека кората содржи 20 пати повеќе пепел и најопасни хемиски материи, додека влажното дрво испушта до 11 пати повеќе штетни честички.

    „Кората придонесува непропорционално кон емисиите поради нејзината 20 пати поголема содржина на пепел и различниот хемиски состав. Нејзиното отстранување ќе ги елиминира штетните материи кои преку воздухот навлегуваат во крвта и органите. Правилното сушење пак, освен што ја удвојува калоричната моќ, силно влијае на намалувањето на емисиите“, пишува поранешниот премиер.

    Груевски апелира до „Македонски шуми“ веднаш да набават машини за откоренување и да воведат нови процедури, тврдејќи дека доколку се делува брзо, ефектите врз здравјето на граѓаните ќе се почувствуваат уште следната грејна сезона.

    Популарно

    Денеска обилни врнежи од дожд, од недела вистински пресврт

    05.02.2026 во 09:00

    Ќе нема струја до 13:30 – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    05.02.2026 во 09:05

    Возете внимателно – на овие патни правци моментално вее снег

    05.02.2026 во 09:13

    Полицијата пронајде дрога кај малолетници од Скопје

    04.02.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.