Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Во Идризово се сослушуваат нови сведоци

    Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Во Идризово се сослушуваат нови сведоци

    05.02.2026 во 10:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува доказната постапка за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица. Пред судијката Дијана Груевска Илиевски денеска треба да сведочат пет лица предложени од Обвинителството, вклучително и законски застапници на оштетените.

    Процесот го одбележаа дебати меѓу одбраната и обвинителството околу целисходноста на постапката. Адвокатот Петре Шилегов побара преиспитување на обвинението за дел од обвинетите, повикувајќи се на информации од ОЈО ГОКК за запирање на постапки против службени лица.

    „Од Обвинителството се контрадикторни за ист настан и исти околности против службени лица. За мене извесен е исходот со ваквиот став на Обвинителството. Мислам дека е поцелисходно наместо да продолжиме, Обвинителството да се преиспита. Едно судење државата ја чини 150 илјади евра“, изјави Шилегов.

    Од друга страна, обвинителот Борче Јанев останува на ставот дека обвинителниот акт е правосилен и дека фокусот мора да биде на утврдување на одговорноста за претворањето на објектот во „смртоносна стапица“. Сите обвинети, вклучувајќи го и сопственикот Дејан Јованов, досега се изјаснија за невини.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.