Close Menu
    Најново

    Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

    03.02.2026 во 11:27

    Камерите не простуваат: 58 возачи заработија забрана за возење во еден ден

    03.02.2026 во 11:26

    Драма на граница во регионот: Уапсен началник – земал плата додека седел дома

    03.02.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10
    • Камерите не простуваат: 58 возачи заработија забрана за возење во еден ден
    • Драма на граница во регионот: Уапсен началник – земал плата додека седел дома
    • Вистински херој: 13-годишно момче пливало четири часа низ бурно море за да го спаси семејството
    • Тошковски открива: Двајца возачи имаат по 40 забрани за возење
    • Ѓорѓиевски: Нов почеток за нашиот град, Скопје ќе добие 100 нови целосно еколошки градски автобуси
    • Приведен велешанец – возел со активна забрана и приложил фалсификувана возачка дозвола
    • Голема полициска акција низ Македонија: Приведени осум возачи, возилата им се одземени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

    Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

    03.02.2026 во 11:27
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција на Македонија како единствена држава во регионот каде се вкрстуваат двата клучни европски коридори.

    Денеска во Дубаи, во рамки на Светскиот самит за влади, бев говорник на панел-дискусијата „ Следниот логистички поредок: Што мора да се промени?“. Во денешниот глобален политички пејзаж единственото што е предвидливо е непредвидливоста, па затоа наместо да реагираме само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да градиме долгорочна способност за адаптација, рече Муцунски.

    Муцунски нагласи дека диверзификацијата е клучна алатка за управување со ризици – да не зависиме исклучиво од една индустрија, рута или пазар.

    „Потребни се поинтензивен меѓувладин дијалог, побрзи одговори на глобалните предизвици и политики што ќе создадат услови бизнисите да бидат поефикасни, поконкурентни и подготвени за раст. Бизнис-заедницата бара поедноставени процедури, брзина и предвидливост, а примерите од Обединетите Арапски Емирати потврдуваат дека прилагодливото законодавство и современите административни алатки директно го поддржуваат економскиот развој“, посочи министерот.

    Муцунски говореше и за стратешката позиција на нашата држава како единствена во регионот каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10 – значајна развојна предност.

    „Затоа активно инвестираме во енергетската безбедност и поврзаноста, вклучително и преку интерконекторите со Грција и Србија. Диверзификацијата, силната инфраструктура и јасното разбирање на нашата улога во регионалните и глобалните текови се темел за долгорочна економска стабилност и просперитет“, истакна Муцунски.

    Популарно

    Тошковски открива: Двајца возачи имаат по 40 забрани за возење

    03.02.2026 во 10:50

    Ќе нема струја до 12 часот – ЕВН најави технички зафати

    03.02.2026 во 09:26

    Димитриеска-Кочоска: Рекордни 58 финансиски истраги против 400 лица, криминалот повеќе нема да биде исплатлив

    02.02.2026 во 13:38

    ЕУ го одложи EES системот за септември 2026 година – патниците ќе добиваат печати во пасошите

    03.02.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.