Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Камионџиите од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадата – ќе чекаат да дојде 3 февруари

    Камионџиите од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадата – ќе чекаат да дојде 3 февруари

    30.01.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако Европската комисија официјално ја објави новата визна стратегија која е во полза на камионџиите, блокадите на Балканот само делумно се повлекуваат. Додека македонските превозници преку „Макам-транс“ и нивните колеги од Црна Гора од синоќа ги пропуштаат возилата, транспортерите од Србија и Босна и Херцеговина влегуваат во петтиот ден на тотална блокада.

    Српските превозници, иако задоволни од понуденото решение на ЕУ, сметаат дека има уште многу нејаснотии кои треба да се прецизираат пред да се тргнат камионите од терминалите.

    „Задоволни сме од стратегијата која предвидува специфични правила за подолг престој на професионалците, но сè уште има проблеми што треба да се решат“, изјави Неѓо Мандиќ, претседател на Здружението на транспортери на Србија.

    Целосното решение за „визната војна“ на границите се очекува во вторник, на 3 февруари. Тогаш министрите од сите земји од Западен Балкан ќе седнат на иста маса со високи претставници на Европската комисија за конечно да ги дефинираат правилата за престојот на возачите во Шенген зоната.

    Оваа информација доаѓа по интензивните телефонски разговори меѓу шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сореца и претседателката на Советот на министри, Борјана Кришто.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.