Close Menu
Press24
    Најново

    Активиран портокалов аларм во цела Македонија – денеска не излегувајте доколку немате потреба

    08.08.2026 во 09:58

    Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

    07.08.2026 во 23:43

    Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање

    07.08.2026 во 23:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Активиран портокалов аларм во цела Македонија – денеска не излегувајте доколку немате потреба
    • Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје
    • Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање
    • Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република
    • Гужва на Табановце: За влез во Македонија се чека речиси еден час
    • Двајца струшки пожарникари повредени при интервенција во селото Долна Белица
    • Откажан летот од Солун за Германија со 150 патници – птица влегла во мотор
    • Д-р Даниловски: Внимавајте на тигрестите комарци, отстранете ја застоената вода околу домот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

    Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

    29.01.2026 во 20:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година.

    Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.

    Министерот нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од пратеничките Марија Петрушевска и Иванка Василевска, како и Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа.

    Одлуката, како што посочи Муцунски, претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности.

    Прочитај повеќе

    Активиран портокалов аларм во цела Македонија – денеска не излегувајте доколку немате потреба

    08.08.2026 во 09:58

    Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

    07.08.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.