Close Menu
    Најново

    Армијата е подготвена: Сиљановска-Давкова и Мисајловски добија извештај – Македонија е безбедна и модерна

    29.01.2026 во 15:23

    „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државата

    29.01.2026 во 15:12

    Хорор татко од Куманово: Си го малтретирал малолетното дете и го избркал од дома

    29.01.2026 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Армијата е подготвена: Сиљановска-Давкова и Мисајловски добија извештај – Македонија е безбедна и модерна
    • „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државата
    • Хорор татко од Куманово: Си го малтретирал малолетното дете и го избркал од дома
    • „Ало, ќерка ви треба итно да се оперира“ – штипјанка остана без 2.600 евра поради лажен повик
    • Кузманоска: „Безбеден град“ е проект во служба на граѓаните и не смее да биде предмет на етничка манипулација
    • Николоски со одлични вести од Брисел: Нашите ставови се прифатени, возачите конечно се признати како професионалци
    • Силувачите на 13-годишното девојче од Неготино завршија зад решетки
    • Еве што значат новите визи за возачите на камиони – се огласи потпретседателката на Европската комисија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Армијата е подготвена: Сиљановска-Давкова и Мисајловски добија извештај – Македонија е безбедна и модерна

    Армијата е подготвена: Сиљановска-Давкова и Мисајловски добија извештај – Македонија е безбедна и модерна

    29.01.2026 во 15:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денеска во Домот на Армијата во Скопје се реализираше реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, на кое присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и генералите во Армијата.

    Во рамки на реферирањето, кое го одржа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претседателката Сиљановска-Давкова се запозна со реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2025 година, според следните области: персонал, обука и вежби, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на силите, модернизација и опремување, како и буџет и финансии.

    Генералот Лафчиски потенцираше дека Армијата е подготвена да ја исполни својата уставна улога и функција за одбрана на Републиката, да го заштити територијалниот интегритет и независноста на татковината и е подготвена да ги исполни националните и меѓународните обврски, вклучително и придонесот во колективната одбрана, меѓународните операции и заштитата на националните интереси. Тој додаде дека Армијата во изминатата година успешно ги реализираше сите планирани и доделени задачи. Во оваа прилика беше истакнат високиот степен на подготвеност на припадниците на Армијата, успешниот тек на процесот на модернизација и опремување и важната улога на македонските мировници во зајакнување на регионалната безбедност и зачувување на светскиот мир.

    На самиот крај од своето излагање генералот Лафчиски потенцираше дека иако борбената готовност е на потребното ниво, Армијата ќе продолжи постојано да ја надградува истата, а тоа е резултат на исполнувањето на планот за модернизација и опремување, континуираниот процес на обука и вежби во земјата и странство и исполнување на пакетот на цели на способности од 2025 година, кој е еден од врвните приоритети на Армијата кон НАТО.

    Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Сиљановска-Давкова оцени дека македонската армија е еден од најстабилните и најдоверливите столбови на државата и значаен фактор на регионалната и колективната безбедност.

    Според претседателката, засилената соработка со НАТО сојузниците и успешното учество во мисии и вежби во земјава и странство, го потврдуваат кредибилитетот и меѓународниот углед на македонската армија.

    Министерот Мисајловски истакна дека Министерството останува целосно посветено на процесите за модернизација на Армијата, како инвестиција во безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните.

    „Со набавката на нова и модерна опрема, која пристигнува во континуитет, ја јакнеме борбената готовност на Армијата и нејзините капацитети да ја гарантираат безбедноста на сите нас. Ќе продолжиме силно да инвестираме и во модернизацијата, но и во нашите војници кои се еден од клучните столбови на една модерна, НАТО армија“, рече министерот на реферирањето за борбената готовност.

    Реферирањето за борбената готовност е планска годишна обврска на началникот на Генералштабот на Армијата кон претседателот и врховен командант на Вооружените сили на Републиката.

    Популарно

    Падна договор во Црна Гора: Транспортерите ги прекинуваат блокадите кон Шенген зоната

    29.01.2026 во 11:47

    Полицијата му поднесе кривична пријава на Марко Бислимовски

    29.01.2026 во 12:02

    Стружанец „мртов“ пијан со ауди се заби во паркиран мерцедес

    29.01.2026 во 11:37

    Одлична вест од Брисел: ЕУ воведува специјални визи за камионџиите

    29.01.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.