Вчера полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
- Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
- САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
- И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
- ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
- СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
- СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
- 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
- Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

