Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Еве што значат новите визи за возачите на камиони – се огласи потпретседателката на Европската комисија

    Еве што значат новите визи за возачите на камиони – се огласи потпретседателката на Европската комисија

    29.01.2026 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата визна стратегија на Европската Унија ќе им помогне на транспортерите од Западен Балкан, изјави денес извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, и рече дека ЕУ сака да обезбеди пофлексибилни правила за прекуграничните работници.

    Одговарајќи на прашање од новинар, Виркунен истакна дека проблемите на возачите од Западен Балкан се познати на Комисијата и дека новата визна стратегија предвидува одредена флексибилност, но дека безбедноста на границите останува приоритет.

    „Системот за влез и излез (СВИ) не воведува нови барања за краткорочни престои во Шенген“, рече Виркунен.

    Таа истакна дека возачите кои ја преминуваат границата секојдневно веќе имаат одредени исклучоци бидејќи ги користат истите контролни пунктови, додека предизвиците се појавуваат само во специфични случаи.

    „Ги анализираме овие предизвици и работиме на нивно решавање како дел од стратегијата“, додаде Виркунен.

    За превозниците од Западен Балкан, правилата во моментов остануваат исти, но Комисијата планира дополнителни решенија што би можеле да ја олеснат секојдневната работа и да ги намалат тензиите на границите.

    Според европската постапка, ЕК во следната фаза испраќа предлог за нова визна стратегија до Советот на ЕУ и Европскиот парламент, каде што се дискутира предлогот, се даваат коментари и е можно да се побараат измени или дополнувања.

    По дискусиите меѓу Комисијата, Советот и Парламентот, ставовите на трите страни се усогласуваат сè додека не се постигне конечен договор, по што документот станува правен акт.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.