Close Menu
    Најново

    Николоски со план од четири точки: Еве како може да се реши проблемот кој ги закочи македонските транспортери

    29.01.2026 во 13:50

    Стоименов од АПИС: Најдобар закон е оној кој е спорведлив и кој го одразува менталитетот

    29.01.2026 во 13:39

    Ужас во неготинско: Четворица силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале, обвинителството бара итен притвор

    29.01.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски со план од четири точки: Еве како може да се реши проблемот кој ги закочи македонските транспортери
    • Стоименов од АПИС: Најдобар закон е оној кој е спорведлив и кој го одразува менталитетот
    • Ужас во неготинско: Четворица силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале, обвинителството бара итен притвор
    • Одлична вест од Брисел: ЕУ воведува специјални визи за камионџиите
    • УХМР со предупредување: Подгответе се, наскоро снегот се спушта и во пониските места
    • Сам си направил проблеми: Уапсен жител на Добридол кој лажно пријавил дека му украле злато и пари
    • Метео аларм од УХМР: Се очекуваат обилни врнежи од дожд, на планините снег
    • Манасиевски: Трендафилов и Деаноски ги оставија работниците без 600 евра плата за да му слугуваат на СДС
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски со план од четири точки: Еве како може да се реши проблемот кој ги закочи македонските транспортери

    Николоски со план од четири точки: Еве како може да се реши проблемот кој ги закочи македонските транспортери

    29.01.2026 во 13:50
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната  економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање.

    “ Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а тоа е да се одложи овој систем за една година, па во овој период да се бара решение. Третата варијатна е да секоја земја членка на Шенген зоната издава работни визи за транспортерите, нешто што сега го прави Швајцарија или четврто решение кое Европската Комисија би го понудила”- рече вицепремиерот Николоски.  

    Немање решение на проблемот ќе биде сериозен удар врз транспортните компании имајќи предвид дека просечно во текот на годината тие имаат околку 240  до 250 работни денови, истакна Николоски и потенцира дека ова ќе има влијание и врз извозот во Велика Британија како втор трговски партнер на Македонија, односно ќе се запре или драстично намали ланецот на снабдување. 

    “ Ние за оваа работа реагираме цела година. Претседателот на Владата имаше директни разговори со претседателката на Европската Комисија, исто така министерот за надворешни работи, исто така и јас разговарав во Брисел со Комесарот за транспорт, со Директорката за транспорт и мобилност, но за жал во тој момент не се најде решение и еве ескалира ситуацијата. Сега се обидуваме да помогнеме колку што можеме. Вчера бев во официјална посета на Загреб каде разговарав со потпретседателот на хрватската Влада и благодарен сум затоа што  покрај заедничкото соопштене од вчера, денеска излезе на прес конференција и побара Европската Комисија да го реши овој проблем и целосно застана на наша страна. Исто така имав средба со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, како и  средби во Саборот. Понатаму разговарав три пати и со министерот од Грција со кои ги споделивме овие идеи затоа што и тие се директно загрозени, а во Бугарија без разлика што Владата е во оставка, досегашниот потпретседател на Владата и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, јавно излезе и побара Европската Комисија да го реши овој проблем”-истакна Николоски.  

    Решението на проблемот е упатен до Европската Комисија, додаде вицепремиерот бидејќи прашањата на визината политика во рамки на Шенген зоната е целосно препуштено на Европската Комисија.

    Популарно

    Падна договор во Црна Гора: Транспортерите ги прекинуваат блокадите кон Шенген зоната

    29.01.2026 во 11:47

    Полицијата му поднесе кривична пријава на Марко Бислимовски

    29.01.2026 во 12:02

    Стружанец „мртов“ пијан со ауди се заби во паркиран мерцедес

    29.01.2026 во 11:37

    Телма: Запрена истрагата за 6 полицајци осомничени за пожарот во Пулс за дело „предизвикување општа опасност“

    28.01.2026 во 21:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.