Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки.
Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари.
Актуелно
- Полицијата му поднесе кривична пријава на Марко Бислимовски
- Трагедија во авион: Млада жена пронајдена мртва по слетувањето на летот од Боа Виста во Прага
- Поранешниот градоначалник на Кичево заработи кривична: Го оштетил буџетот на Кичево за 130.000 евра за вработени кои не оделе на работа
- Падна договор во Црна Гора: Транспортерите ги прекинуваат блокадите кон Шенген зоната
- Стружанец „мртов“ пијан со ауди се заби во паркиран мерцедес
- Шок во Косово: Пронајден мртов бизнисмен и кандидат за пратеник на Рамуш Харадинај
- Ѓорѓиевски: За три месеци набавуваме 40 возила, претходната власт за осум години купи само четири
- Почина Костадинка Палазова: Македонската музичка сцена остана без доајенот на егејската песна

