Close Menu
Press24
    Најново

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01

    Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина

    27.10.2026 во 18:47

    Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва

    27.10.2026 во 18:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама
    • Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“
    • Финансиско закрепнување на „Боинг“: Компанијата ја стопи минатогодишната огромна загуба и пријави нарачки од 745 милијарди долари
    • Клековски од Копенхаген: Превенцијата и дигиталната трансформација остануваат меѓу клучните приоритети 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минус четири степени во Берово: Натрупа снег на Попова Шапка

    Минус четири степени во Берово: Натрупа снег на Попова Шапка

    24.01.2026 во 10:29Updated:24.01.2026 во 10:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со измерени -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше најстуденото место во земјава. По него следуваат Попова Шапка и Крива Паланка, каде што беа измерени -3, односно -2 степени.

    Температура од -2°C е регистрирана во Пожаране и Тетово, -1°C во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, додека 0 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп.

    Во Крушево, Штип, Охрид и Виница утринската температура изнесуваше 1°C, 2°C беа измерени во Куманово и Гевгелија, а најтопло утринава беше во Струмица со 3 степени Целзиусови.

    Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка. Во Маврови Анови снежната покривка изнесува 11 сантиметри, а во Крушево 4 сантиметри.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови по одделни котлини се очекува појава на магла. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 8 до 12°C.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со магла, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 7°C.

    Прочитај повеќе

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01

    Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

    27.10.2026 во 18:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.