Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Политичка и бизнис спрега – Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

    СДСМ: Политичка и бизнис спрега – Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

    24.01.2026 во 10:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот, реагираат од СДСМ утрово во писмено соопштение испратено до медиумите. 

    Во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам си ги снимаше се гледа дека имал само неколку средби со негови партнери меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG.

    Политичката и бизнис спрега на релација Орбан-Мицкоски влијае и врз Македонија.

    Според најновите информации, унгарската енергетска компанија MOL, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор во обид за купување на 56,15% од акциите во српската нафтена индустрија (НИС), која досега беше под контрола на рускиот Газпром.

    Овој обид не е само бизнис потег, таа е дел од Орбановиот план за контрола врз енергетските ресурси во регионот, вклучувајќи го и главниот енергетски систем на Србија, кој НИС го доминира како единствен рафинерија за нафта во земјата.

    Покрај ова, Орбан преку унгарски компании веќе инвестира во банкарскиот сектор во Србија, како што е случајот со OTP банка, која има значително присуство и аквизиции во регионот, како и во различни сфери на бизнисот.

    Ова ширење на влијанието сега го опфаќа и енергетскиот сектор, со планови за нафтовод меѓу Србија и Унгарија и зголемени испораки на нафта од MOL кон Србија поради санкциите.  

    Двете земји и понатаму одржуваат блиски односи со Русија иако тоа е спротивно на политиката на ЕУ која бара и воведување на санкции.

    Во исто време и Мицкоски најавува интерес за енергетски проекти во Македонија. 

    Овие чекори се дел од затворениот круг Фидес-СНС-ВМРО, каде што Орбан, Вучиќ и Мицкоски соработуваат за да ги зајакнат своите позиции на штета на европските интеграции и демократијата.

    Ова не е изолиран случај, потсетува на веќе видените врски, како што е влезот на 4iG во македонскиот телеком сектор, која е блиска до Орбан и добива масивна државна поддршка во Унгарија. 

    Таквите инвестиции служат за зголемување на контролата врз стратешки сектори, медиуми и информации, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што ја изолираат регионот од ЕУ. 

    СДСМ веќе неколку месеци предупредува за овие планови на ВМРО, кои копираат модели од Фидес и СНС, злоупотребувајќи ја власта за лични и партиски интереси.

    СДСМ повикува на будност и заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија. 

    Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност.

    Борбата за праведна и европска Македонија продолжува!, се додава во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.