На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско.
При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје.
Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица, при што од М.З. е одземена ловечка пушка „Хуглу“ со патрони. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во викенд куќа што ја користел К.Т. во атар на с.Копришница, каде биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и останати предмети.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
- ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
- Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
- Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
- Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
- Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
- Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
- Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

