Close Menu
    Најново

    Николоски предупредува: Македонската економија е пред колапс поради новите Шенген правила – од понеделник блокади на границите

    23.01.2026 во 10:10

    Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ – Сведок од ФЗО откри како долговите растеле

    23.01.2026 во 10:04

    Полицијата спречи трагедија – пијан тетовец возел во спротивна насока

    23.01.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски предупредува: Македонската економија е пред колапс поради новите Шенген правила – од понеделник блокади на границите
    • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ – Сведок од ФЗО откри како долговите растеле
    • Полицијата спречи трагедија – пијан тетовец возел во спротивна насока
    • Дневен хороскоп: Еден знак е на прагот на животна промена
    • Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат
    • Ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања во две општини
    • Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м
    • Денеска сонце, од утре подгответе се за голем пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски предупредува: Македонската економија е пред колапс поради новите Шенген правила – од понеделник блокади на границите

    Николоски предупредува: Македонската економија е пред колапс поради новите Шенген правила – од понеделник блокади на границите

    23.01.2026 во 10:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Година дена алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели во интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.   

    Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните прмини кон шенген земјите.

    “Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Б и Х. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите кои прозиведуваат во ТИРЗ кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив -сто процентен извоз, голем дел од домашните компании кои се извозно ориентирани и ако не можат да извезат тоагаш запира и економската активност, а од друга страна ако превозот поскапе за 3 до 5 % тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар”- рече вицепремиерот Николоски.

    Иако во континуитет има разговори со претставници до ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите. 

    ‘Јас во декември имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ, директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимение. Јас и владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електорнскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно на ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување на внимение на проблемот”- истакна Николоски. 

    Тој како пример истакна дека веројатноста е голема за зголемување на цената на превозот за 5 % со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

    “Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едоставно решението. На пример компанија од Македoнија која што извезува во Германија ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5 % поскап. Доколку превозот е до 5 % поскап, тогаш прозиводите во Македонија и регионот ќе станат неконкуретни и тогаш можно е да се компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно. Сега со овие услови, транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што ќе се намали времето за 50% што возачите ќе можат да го минуваат во рамки на ЕУ”- додаде вицепремиерот Николоски.

    Популарно

    Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат

    23.01.2026 во 09:22

    Ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања во две општини

    23.01.2026 во 09:16

    Падна полицајка од Штип: Го информирала брат и дека полицијата ќе демне со дронови

    22.01.2026 во 12:37

    Денеска сонце, од утре подгответе се за голем пресврт

    23.01.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.