Close Menu
Press24
    Најново

    Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

    27.10.2026 во 18:18

    Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама

    27.10.2026 во 18:10

    Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“

    27.10.2026 во 17:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама
    • Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“
    • Финансиско закрепнување на „Боинг“: Компанијата ја стопи минатогодишната огромна загуба и пријави нарачки од 745 милијарди долари
    • Клековски од Копенхаген: Превенцијата и дигиталната трансформација остануваат меѓу клучните приоритети 
    • Темелно чистење и нови мерки за заштита во центарот на Скопје: Подната фонтана пуштена во фунцкија
    • Пешак тешко повреден во сообраќајка на булеварот „3 Македонска бригада“
    • Му го грабнал паричникот среде улица, па пазарувал со неговата картичка – дрска кражба во Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

    Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

    22.01.2026 во 22:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и позицијата на Македонија во актуелните геополитички динамики.

    Стефаноски оцени дека глобалниот поредок се наоѓа во фаза на трансформација и дека се менуваат политичките, економските и безбедносните рамнотежи на светско ниво.

    -Глобалниот светски поредок се распаѓа и се создава нов поредок. Тоа е динамичен процес кој отсекогаш се одвивал, рече тој, додавајќи дека САД настојуваат да го предводат новиот глобален безбедносен модел.

    Во анализата беше поставено прашањето како Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка на НАТО, имајќи предвид дека земјата не е поканета да учествува во иницијативата, за разлика од држави од Блискиот Исток и Азија.

    -Ние сме членка на НАТО и географски припаѓаме на Европа. Нашите аспирации се насочени кон интеграција во Европската Унија и затоа мораме да бидеме усогласени со европската надворешна политика, истакна Стефаноски.

    Тој оценува дека во случај Македонија да добие покана за учество во вакви иницијативи, одговорот треба да биде внимателно разгледан.

    -Никогаш не е лошо да бидете на маса со најголемите и да учествувате во иницијативи за мир, но без напуштање на традиционалните безбедносни, политички и економски рамки во кои имаме стратешки интерес, додаде аналитичарот.

    На крај, Стефаноски подвлече дека државата мора да настапува мудро, предпазливо и секогаш во согласност со националните интереси.

    Прочитај повеќе

    Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

    27.10.2026 во 18:18

    Клековски од Копенхаген: Превенцијата и дигиталната трансформација остануваат меѓу клучните приоритети 

    27.10.2026 во 17:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.