Close Menu
Press24
    Најново

    Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана

    09.07.2026 во 17:02

    На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола

    09.07.2026 во 16:16

    Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето

    09.07.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана
    • На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола
    • Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето
    • ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак
    • СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората
    • Радовиш: Сакал да му ја запали нивата на својот брат – изгорело пола село
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 67 жртви во катастрофалниот пожар во трговски центар во Карачи

    Најмалку 67 жртви во катастрофалниот пожар во трговски центар во Карачи

    22.01.2026 во 20:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 67 лица го загубија животот во катастрофалниот пожар што го зафати трговскиот центар „Гул Плаза“ во пакистанскиот пристанишен град Карачи, соопштија денеска локалните власти, откако беа пронајдени нови тела под урнатините.

    Судскиот лекар Сумаја Сиед изјави дека спасувачките екипи и натаму го пребаруваат објектот каде што пожарот избувна во саботата. Таа посочи дека идентификацијата на жртвите е исклучително отежната, бидејќи од поголем дел од телата останале само фрагменти.

    Според досегашните наоди од истрагата, пожарот избувнал во момент кога повеќето сопственици ги затворале своите продавници. Пламените јазици брзо се прошириле поради присуството на лесно запаливи материјали, меѓу кои козметика, облека и пластични производи. Како најверојатна причина за трагедијата се наведува краток спој во електричната инсталација.

    Инцидентот повторно го актуелизира прашањето за слабите безбедносни стандарди и нелегалното градење во Пакистан. Карачи и претходно беше погоден од слични трагедии, меѓу кои и пожарот во текстилна фабрика во 2012 година, кога животот го загубија 260 лица.

    Прочитај повеќе

    ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 

    09.07.2026 во 15:22

    Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак

    09.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.