Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството

    17.05.2026 во 15:50

    „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?

    17.05.2026 во 15:44

    Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива

    17.05.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
    • „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
    • Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
    • Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
    • Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
    • Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
    • Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
    • Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двојна трагедија во Грција: Невремето однесе живот на крајбрежниот службеник и жена во Глифада

    Двојна трагедија во Грција: Невремето однесе живот на крајбрежниот службеник и жена во Глифада

    21.01.2026 во 21:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме што од рано утрово зафати делови од Грција однесе двајца животи – припадник на крајбрежната служба во Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада, јави дописничката на МИА од Атина.

    На Пелопонез, припадникот на крајбрежната служба загина додека бил на должност на пристаништето во Астрос. Поради силниот ветер и големите бранови, паднал во море.

    Во Атина, жена што се движела пеш била повлечена од поројната вода на поплавена улица и животот го загуби на местото на несреќата.

    Противпожарната служба примила над 600 повици за помош, а најпогодени се западните и јужните предградија на Атика. Поплавени се улици и централни булевари, што предизвика прекин на сообраќајот, како и проблеми со трамвајот и метро линиите поради поплавени шини.

    Властите издале пораки за евакуација на жителите од две предградија поради излевање на локален поток. Исто така, водата надоила и на двете реки во Атина.

    Бројот 112 за итни случаи испрати препораки до жителите да ги ограничат движењата само на апсолутно неопходните и да ги следат упатствата на надлежните органи.

    „Поради интензивни временски појави што се очекуваат во периферијата Атика од пладне до доцна навечер во среда, ограничете ги вашите движења само на апсолутно неопходните. Следете ги упатствата на надлежните органи“, се наведува во пораката од бројот 112.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Хаос на Балканот: Невреме корнеше дрвја во Загреб, град ги заглави возачите кај Ниш

    12.05.2026 во 16:56

    Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар

    08.05.2026 во 23:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.