Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ја сподели најубавата вест со своите сограѓани – неговото семејство стана побогато за уште еден член. Јорданов на социјалните мрежи објави дека по втор пат станал татко на ќерка, на која и го дадоа името Иконија.
„Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка болница Штип. Слава тебе Господи“, напиша емотивно Јорданов под објавата.
Иван и неговата сопруга Стефанија веќе ја имаат ќерката Ангела.

