Close Menu
Press24
    Најново

    Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието

    12.03.2026 во 23:17

    Најлошиот петок 13-ти по 45 години

    12.03.2026 во 22:57

    Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата

    12.03.2026 во 22:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието
    • Најлошиот петок 13-ти по 45 години
    • Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата
    • Нетанјаху призна: Израел стои зад ликвидацијата на врвните ирански нуклеарни научници
    • Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата
    • 15-годишно момче пукало со пиштол кон врсник во Скопје, другар му само фрлал камења
    • Вашингтон на „тенок мраз“: Како САД ќе одговорат на последната ескалација со Иран?
    • ФОТО: Владата организираше ифтарска вечера
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки со Сејф сити

    Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки со Сејф сити

    20.01.2026 во 20:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Горд сум на граѓаните затоа што имаме драстично намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи во Скопје откако почна пробниот период на “Безбеден град”, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.

    “Сакам да им се заблагодарам на граѓаните затоа што докажаа дека без казни успеаја бројот на загинати да го намалат од 11 на два смртни случаи во периодот декември-јануари, споредено со декември 2024-јануари 2025 година. Бројот на повредени граѓани на територијата на СВР Скопје за овие 50 дена колку што функционира “Безбеден град” е намален за 35 посто”, истакна министерот Тошковски.

    Тој потенцира дека целта на проектот „Безбеден град“ е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, колку што е можно помалку повредени и најважно од се, колку што е можно помалку човечки жртви.
    „Почнавме од 100.000 прекршоци дневно, но сега се драстично помалку. Сепак, се уште станува збор за голема бројка”, рече Тошковски.
    Тој појасни дека “Безбеден град” ќе санкционира четири прекршоци.

    „Системот „Безбеден град“ ќе констатира минување на црвено светло, возење со брзина над дозволената, неправилно паркирање и нерегистирани возило. Многу е важно да знаеме дека ние оваа придобивка на паметните камери ја имаме наназад 15 години. Министерството за внатрешни работи повеќе од 15 години ги користи во рамки на својата оперативна и криминалистичка дејност од аспект на откривање на сторен криминал. Секако дека камерите ќе бидат користени и за конкретни кривични дела кои што се потребни да се откријат, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнувајќи дека платниот налог ќе може да биде регулиран електронски, традиционално во банка или во било која полициска станица, како и на сите електронски апликации на банките.

    „Ќе има и посебна апликација која што ќе биде изготвена од страна на МВР и ќе биде овозможена да се користи од страна на граѓаните, каде што со посебна заштита и автентификација на корисникот ќе се осигураме дека станува збор за таа личност дека ја користи апликацијата, ќе добие соодветни информации на меил адресата и на телефонскиот број што го оставила личноста и ќе може да се најави на предметната апликација. На таа апликација ќе може да се изврши уплата, да изврши увид на сите санкции кои се изречени итн.“, рече министерот Тошковски. 

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.