Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани

    Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани

    16.01.2026 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон дела Фуенте и американскиот државен секретар Марко Рубио остварија телефонски разговор во кој се согласија дека е потребно дополнително зајакнување на соработката за справување со заедничките безбедносни закани, пренесе агенцијата ЕФЕ.

    Во заедничко соопштение, двајцата дипломати ја потврдија важноста на партнерството меѓу САД и Мексико, кое, како што наведоа, се темели на заемно почитување на суверенитетот. Притоа признаа дека и покрај постигнатиот напредок, „сè уште постојат значителни предизвици“.

    Разговорот се одржал во чувствителен политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп изнесе изјави за можни копнени воени дејства на територијата на Мексико насочени против наркокартелите.

    Во таа насока, двете страни се договорија билатералната група задолжена за спроведување на безбедносните мерки, чија следна средба е закажана за 23 јануари, да ги интензивира активностите против наркокартелите, како и против трговијата со фентанил и нелегалното оружје преку границата. Дополнително, најавено е дека следниот месец во Вашингтон ќе се одржи средба на министрите за безбедност.

    Во посебно соопштение објавено на социјалните мрежи, Бирото за прашања на западната хемисфера при Стејт департментот на САД ја истакна потребата од „конкретни, проверливи резултати“ од страна на Мексико во борбата против наркотерористичките мрежи, оценувајќи дека бавниот напредок поврзан со граничната безбедност е неприфатлив.

    Телефонскиот разговор меѓу министрите следеше по претходната комуникација меѓу претседателот Трамп и мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, која јасно порача дека американска воена интервенција во Мексико е исклучена. Таа, сепак, не ја исклучи можноста за лична средба со Трамп по официјалните настани поврзани со одбележувањето на годишнината од неговото стапување на должност на 20 јануари.

    Шејнбаум истакна и дека двете земји имаат обемен список на заеднички приоритети, меѓу кои е и подготовката за Светското првенство во фудбал, кое во 2026 година заеднички ќе го организираат Мексико, САД и Канада, а чијшто свечен почеток ќе се одржи во Мексико на 11 јуни.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.