Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатни вакцини Хепатитис Б за сите вработени во здравство

    Бесплатни вакцини Хепатитис Б за сите вработени во здравство

    12.01.2026 во 14:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска одржаа заедничка прес конференција по повод потпишување договор за донација од страна на Министерството за здравство на Институтот за јавно здравје на 7.500 вакцини против Хепатитис Б, во вкупна вредност од 123.450 американски долари, кои се наменети за здравствените работници.

    -Станува збор за конкретна превентивна мерка за намалување на изложеноста на ризици по здравјето на вработените во здравствениот систем, притоа истовремено засилувајќи ја и сигурноста кај пациентите. Со овие количини ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници, со три дози вакцина по лице. Вакцинацијата ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје и во Центрите за јавно здравје. Нашата одговорност како институционални носители на здравствените политики е да создадеме услови  здравствените работници да не бидат оставени сами во ризиците кои ги носи извршувањето на нивните обврски, како што  е контактот со крв и телесни течности, повреди со остри инструменти и слично. Вакцините се обезбедени од „Project HOPE“ – меѓународна невладина организација за глобална здравствена и хуманитарна помош, на кои им се заблагодарувам, истакна министерот Алиу во обраќањето.

    Тој посочи дека во рамки на заложбите за овозможување едноставен и достапен процес на вакцинација, Министерството за здравство подготви електронски модул за изразување интерес за вакцинација, кој е достапен на веб-страниците на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје.

    -Денес обезбедуваме и дополнителна поддршка за Институтот за јавно здравје за засилување на биосигурноста. Станува збор за авионски и бродски транспортни кутии за инфективни материјали, со што овозможуваме побезбедно постапување и транспорт на инфективни материјали согласно протоколите, додаде министерот.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.