Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Небензја во ОН: САД се обидуваат да се наметнат како „највисок судија“ во светот

    Небензја во ОН: САД се обидуваат да се наметнат како „највисок судија“ во светот

    05.01.2026 во 20:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Русија категорично ја осудува, како што ја нарече, агресијата на Соединетите Американски Држави против Венецуела, изјави денеска постојаниот претставник на Москва во Обединетите нации, Василиј Небензја.

    „Решително го осудуваме чинот на вооружена агресија на САД против Венецуела, кој е во спротивност со сите норми на меѓународното право“, рече Небензја на седница на Советот за безбедност на ОН, свикана поради настаните во Венецуела.

    Тој наведе дека апсењето на венецуелскиот лидер, проследено со смртта на неколку венецуелски и кубански државјани, за многумина претставува навестување за враќање на ерата на беззаконие и американска доминација заснована на сила.

    Според Небензја, меѓународната заедница не смее да дозволи САД самите да си ја доделуваат улогата на „највисок судија“, кој има право да навлегува во која било држава, да прогласува виновници и да спроведува казни, игнорирајќи ги принципите на меѓународната јурисдикција, суверенитетот и немешањето.

    Тој додаде дека со ваквите дејствија Вашингтон, според Москва, ѝ дава нов поттик на политиката на неоколонијализам и империјализам во Латинска Америка, која, како што рече, е повеќепати отфрлена од народите во регионот и од глобалниот југ.

    „Особено загрижувачки е цинизмот со кој Вашингтон дури и не се обиде да ги прикрие вистинските цели на, како што ја нарече, криминалната операција – воспоставување неограничена контрола врз природните богатства на Венецуела и зацврстување на своите политички амбиции во Латинска Америка“, истакна Небензја.

    Прочитај повеќе

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.