Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Платите растат, но не стигнуваат: Просечната плата од февруари изнесува 46.159 денари и покрива само две третини од семејните потреби
    • Делови од Скопје утре 11 часа ќе немаат струја: Еве кои населби се на списокот за исклучување
    • Мицкоски од Виена: Градиме економија што создава, бараме посилно партнерство со Австрија
    • Прво се заканил по телефон, а потоа ја претепал бившата на паркинг – гостиварчанец заработи кривична
    • Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада
    • Филипче: Власта „шверцерски“ сака да ја промени техничката влада
    • Фрустрации во судницата: Семејствата на жртвите од „Пулс“ разочарани од бавното судење, дел од сведоците не се појавуваат
    • Сообраќајна незгода на патот Струмица-Валандово: Сообраќајот во прекин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    02.01.2026 во 13:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Линеарното зголемување на пензиите е клучната мерка со која Владата планира трајно да го подигне животниот стандард на највозрасните граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски, при денешната посета на Кочани, истакна дека процесот кој започна во ноември 2024 година ќе се заокружи во април 2026 година, со што секој пензионер ќе добие вкупно зголемување од 7.000 денари.

    „Не треба да заборавиме еден важен параметар – 150 илјади пензионери, пред да почне ова линеарно зголемување, имаа пензии кои се движеа околу 10 до 12 илјади денари. Тоа е речиси половина од вкупно 330 илјади пензионери во државата“, објасни Мицкоски.

    Според премиерот, со целосната имплементација на оваа мерка, оваа категорија на граѓани веќе нема да биде под прагот на 15.000 денари. „Со овие 7.000 денари плус, тие немаат пензија под 15 илјади, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. Како Влада ќе продолжиме во таа насока“, дециден е Мицкоски.

    Тој смета дека линеарниот модел, за разлика од процентуалниот, директно влијае на намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните, обезбедувајќи поправична распределба на средствата.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.