Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.12.2025 година.
- Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните
- Пренџов: Преку отворен дијалог и вклучување на стручната јавност до закони во интерес на владеење на правото
- Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
- Црн биланс во Бангладеш: Малите сипаници усмртија над 100 деца, прогласена итна состојба
- Митева: За скоро две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП
- Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите – укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења
- Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови – имаме план како да се справиме со ситуацијата
- Велешани направија хаос: Се испотуркаа за бесплатни јајца – интервенираше полицијата

