Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

    Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

    29.12.2025 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Почитувани,

    Филипче по големите реформи што ги направи во СДС, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или пак во неговиот стан за кој јавноста не доби одговор, дали е негов или не, реќе на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Големиот предводник на опозицијата, толку се умори од лагите и манипулациите што ги искажа во јавноста, да мора да одмори не било каде, туку дома во Дубаи, истакна Манасиевски.

    „Сепак доктор Филипче, се уште молчи и не дава одговор за потеклото на златната виза, за која веќе сите ги знаат условите како може да се добие. Минимум инвестиција или недвижност од 500.000 долари или пак бизнис во Дубаи.

    Дополнително доктор Филипче, не ги покажа ниту документите за кој тој рече дека ја добил златната виза, поради работен ангажман во болница во Дубаи. Доколку ги има не би му било проблем да ги покаже. Впрочем, може и сега да ги побара во Дубаи можеби и таму му останале.

    Јавноста заслужува одговори за потеклото на златната виза на Филипче, со оглед на тоа дека тој не бил како што СДС кажа градежник, туку доктор. А со докторска или пак пратеничка плата, Филипче не би стигнал за 20 години кариера до таа сума на пари, односно минимум 500.000 долари. Затоа Венко треба да одговори како дошол до недвижност или инвестиции во Дубаи? Дали тендерите и анексите кои ги говоревме на прес-конференции за предмети кои ЈО Коцевски му ги чуваше во фиоки, му овозможиле на Филипче токму ваков луксуз?

    Впрочем, сите теми кои СДС ги пласира во јавноста, кои секако се лажни, се вистинскиот дефокус од криминалот на поранешни функционери на СДС.

    Затоа, го повикуваме ЈО да постапи и да истражи како Филипче стигнал до златна виза за Дубаи, а како Зоран Заев до градба на 42катница во Дубаи“ посочи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.