Close Menu
    Најново

    Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

    28.12.2025 во 14:22

    Трендафилов: Срамно е да се фалите со покачување на минималецот за 1.500 денари

    28.12.2025 во 13:45

    Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

    28.12.2025 во 13:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице
    • Трендафилов: Срамно е да се фалите со покачување на минималецот за 1.500 денари
    • Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
    • Почина славната актерка Брижит Бардо
    • Украински дронови ја погодија рафинеријата во Сизран, прекини на струја и греење
    • Манасиевски: СДС уште еднаш потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи
    • Централноафриканската Република гласа, Туадера во трка за трет мандат
    • ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Русија против независноста на Тајван и против европска воена мисија во Украина

    Русија против независноста на Тајван и против европска воена мисија во Украина

    28.12.2025 во 10:50
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Русија цврсто се спротивставува на каква било форма на независност на Тајван и го смета островот за составен дел на Народна Република Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во соопштение објавено денеска.

    Во интервју за руската државна новинска агенција, Лавров нагласи дека позицијата на Москва по ова прашање е непроменета и во согласност со кинескиот суверенитет. Истовремено, тој упати и предупредување до Јапонија, повикувајќи ја „внимателно да размисли“ за, како што рече, курсот кон зголемена милитаризација.

    Осврнувајќи се на војната во Украина, Лавров истакна дека евентуално распоредување европски воени сили на украинска територија би претставувало директна закана и, според Москва, таквите контингенти би биле легитимна цел за руските вооружени сили.

    „Европските политичари не покажуваат грижа ниту за Украинците, ниту за сопствените граѓани“, изјави Лавров, додавајќи дека тоа јасно се гледа преку разговорите во Европа за испраќање воени контингенти во Украина.

    Тој повтори дека Русија повеќепати јасно ставила до знаење оти секое странско воено присуство во Украина ќе биде третирано како директно вклучување во конфликтот.

    Изјавите на Лавров доаѓаат по најавите од средината на декември, кога лидерите на водечките европски земји соопштија дека безбедносните гаранции за Украина би можеле да вклучуваат формирање мултинационални сили, предводени од европски држави.

    Популарно

    ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува

    28.12.2025 во 12:19

    Масовсно апсење низ Скопје: Полицајци фатија млади дилери

    27.12.2025 во 14:41

    Манасиевски: СДС уште еднаш потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи

    28.12.2025 во 12:51

    ЕУ подготвува строги правила: Годишни технички прегледи и построги еко-тестови за возила постари од 10 години

    26.12.2025 во 16:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.