Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од два на 53 случаи: Зошто годинава нагло се шири западнонилската треска?
    • Клековски: На Инфективна клиника се хоспитализирани 21 пациент, шестмина се на интензивно лекување
    • Апелација ја потврди пресудата за „Талир“: Никола Груевски ослободен од обвинението, одбиена жалбата на Обвинителството
    • Утре планирани прекини на струја во повеќе скопски населби
    • УХМР со метеоаларм: Утре следуваат високи температури
    • Тошковски: Околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште
    • Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата
    • Николоски: Со автопатот Скопје – Блаце ја реализираме визијата Македонија да биде раскрсница на Балканот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Косово гласа на предвремени избори, Курти фаворит за победа

    Косово гласа на предвремени избори, Курти фаворит за победа

    28.12.2025 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните на Косово денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, втори по ред во изминатите 11 месеци, во обид да се надмине политичкиот ќор-сокак во кој се најде земјата. Според оценките, левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти влегува во изборната трка како главен фаворит, јавува германската новинска агенција ДПА.

    Изборите беа распишани откако по редовните избори одржани на 9 февруари, „Самоопределување“, иако освои најмногу гласови, не успеа да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. Како последица на тоа, новоизбраниот парламент не успеа да се конституира, поради недостиг на договор за избор на раководството, што го блокираше неговото функционирање.

    Албин Курти е на чело на косовската влада од 2021 година, водејќи реформска политика која, според оценките, досега донесе мешани резултати. Сепак, тој се надева дека на денешните избори ќе обезбеди појасна и посилна поддршка, слична на онаа од 2021 година, кога неговото движење речиси самостојно ја формираше владата.

    Во спротивно, повторно се отвора прашањето дали главните политички партии ќе покажат подготвеност за компромис и ќе овозможат формирање коалициска влада.

    Гласачките места беа отворени во 7 часот утринава и ќе бидат затворени во 19 часот, а првите изборни резултати се очекуваат во текот на вечерта.

    Косово, поранешна српска покраина со мнозинско албанско население, прогласи независност во 2008 година по конфликтот и интервенцијата на НАТО во 1999 година. Земјата досега е признаена од повеќе од 100 држави, но не и од Србија, Русија, Грција и Шпанија, и се смета за потенцијален кандидат за членство во Европската Унија, пренесува ДПА.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир

    26.08.2026 во 10:29

    Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени

    25.08.2026 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.