Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор
во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.
„Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса.
Решенијата за времена забрана на вршење на дејност ќе останат на сила се до
исполнување на потребните услови за работа“, стои во соопштението од АХВ.
- Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје
- Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање
- Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република
- Гужва на Табановце: За влез во Македонија се чека речиси еден час
- Двајца струшки пожарникари повредени при интервенција во селото Долна Белица
- Откажан летот од Солун за Германија со 150 патници – птица влегла во мотор
- Д-р Даниловски: Внимавајте на тигрестите комарци, отстранете ја застоената вода околу домот
- Во недела е Свети Пантелејмон: Заштитник на патниците и заштитник од болести

