Close Menu
    Најново

    Мицкоски со порака до иселениците: Каменот тежи на своето место, вратете се дома за заедно да ја градиме Македонија

    24.12.2025 во 12:24

    Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев

    24.12.2025 во 12:18

    Електродистрибуција ќе ги отчитува броилата и за празниците, воведена нова онлајн услуга

    24.12.2025 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски со порака до иселениците: Каменот тежи на своето место, вратете се дома за заедно да ја градиме Македонија
    • Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев
    • Електродистрибуција ќе ги отчитува броилата и за празниците, воведена нова онлајн услуга
    • По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза
    • Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, децата ми трпеа за нешто за што не се виновни
    • Потврден е идентитетот на жената пронајдена во езерцето во Струмица – еве за кого станува збор
    • Нов удар од „Мета“: Фејсбук ќе наплаќа за споделување вести
    • Сообраќаен колапс на скопската обиколница: Тешка несреќа кај Качанички пат целосно го блокираше сообраќајот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се стави на располагање на СДС да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата

    ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се стави на располагање на СДС да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата

    24.12.2025 во 09:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Реформа во СДС нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали.

    Жерновски, исто како и Филипче, не е нов лик на македонската политичка сцена. Јавноста многу добро го памети уште во времето на Зоран Заев, кога само за да добие функција прелета од неговата матична партија ЛДП, во СДС.

    Тој е исто така неуспешен и скандалозен дипломат, што шеташе по Букурешт претставувајќи се како македонски амбасадор, а за тоа акредитации немаше добиено.

    Жерновски, исто така, е запаметен и како неуспешен градежник, кој долго време зборуваше и ширеше паника дека новата трибина на стадионот во Скопје, кај и да е ќе се срушела. Но, годините поминаа, стадионот сосе трибините стои и е жив сведок за лагите и манипулациите на Жерновски.

    Тој е познат и по многуте скандали и партизацијата во времето кога беше градоначалник на општина Центар, кој ја превработи општинската администрација и претпријатието „Паркинзи Центар“ со роднини на активисти и членови на раководството на СДС.

    Во биографијата на Жерновски, неизоставен дел се јавните настапи на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија.

    За него тоа, веројатно и воопшто не било проблем, со оглед на неговото лично потекло и на фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет, но тоа не му дава за право да ги руши и предава македонските позиции.

    Со други зборови, како Филипче така и Жерновски не се нови кадри, туку имиња кои се поврзуваат со СДС од транзицијата кои се директни виновници за неуспесите на државата и за поразите на СДС низ годините.

    И по сето ова, Жерновски се стави на располагање на СДС заедно со Филипче, да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата.

    Така наречените нови сили на СДС се стари и потрошени кадри кои веќе биле раководни позиции и функционери кои ја изневериле довербата на граѓаните и не покажале никакви резултати“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    Крај на паркинг-хаосот во „Мајка Тереза“: Клинички центар добива дигитален водич и нов систем за паркирање

    24.12.2025 во 09:39

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.