Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01

    Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај

    10.06.2026 во 14:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
    • Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
    • Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
    • Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
    • Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
    • УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал

    Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал

    23.12.2025 во 18:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската спортска јавност денеска се збогува со еден од своите најголеми фудбалери на сите времиња. Почина Васил Рингов, човекот кој остави неизбришлив белег во југословенскиот и македонскиот фудбал, а веста ја потврдија од Фудбалската репрезентација на Македонија.

    Рингов својот фудбалски пат го започна во родната Струмица, во редовите на Беласица, по што неговиот талент го одведе во белградски Партизан. Најсветлите моменти во кариерата ги помина во ФК Вардар и ФК Тетекс, со кои долги години беше страв и трепет за противничките одбрани во Првата југословенска лига во текот на 80-тите години.

    „Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина“, се вели во емотивната објава на ФФМ.

    Неговото име ќе остане запишано со златни букви во историјата на Вардар, каде важеше за еден од столбовите на најуспешната генерација на клубот.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06

    Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден

    10.06.2026 во 14:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.